1
Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во акцијата „Адитив“ на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК), денеска е спроведен во Кривичниот суд со лисици на рацете, објави Алфа ТВ.
Тој е еден од 23те лица, осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра.
Стефанов вчера беше приведен на Табановце, откако се врати од странство. Тој претходно не беше достапен за органите на прогонот во земјава.
Видео: Алфа ТВ