331
Еден чувар е убиен, а две лица се повредени во пукање во амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти полицијата од оваа земја.
Напаѓачот се пробил низ стражата и со калашников го убил шефот на обезбедувањето, а за кратко време полицијата го уапсила осомничениот за нападот и ги истражува неговите мотиви.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го осуди нападот врз амбасадата на неговата земја во главниот град на Иран и го опиша како терористички чин, пренесоа агенциите.