450
Четриесетина луѓе вчера вечерта се собраа пред домот на пратеничката на СДСМ, Фросина Ташеска-Ременски, на протест против носењето на Законот за употреба на јазиците.
Протестот е дел од хајката против пратениците на владејачката коалиција, откако Законот беше изгласан.
Нејзиниот сопруг на својот фејсбук профил објави видео од тоа како демонтрантите вреѓале, кажувале погрдни зборови и недолични коментари.
„Жално Македонијо, Жално ќе ве замолам убаво ислушајте ги недоличните коментари 23 години работам во полиција и штитам народ и држава“, напиша тој на Фејсбук.