323
МВР информира дека денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на местото Црвена вода во општина Студеничани, го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.
Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над шест тони вода.