678
Утрово започна уривањето на дивоградбите во Охрид, кое претходно беше најавено од локалните власти. Прва за уривање е куќата на улица „Марко Нестороски“ каде претходно беа уапсени градежни работници, кои работеа на градбата и покрај жолтата лента за забрана поставена од градските инспектори.
Неофицијално изведувач на градбата била фирмата „НЕФИ ИК“ чиј сопственик е Нефи Усеини.