Украински беспилотни летала ја нападнаа Москва рано утрово, но немаше жртви, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Во објава на Телеграм, тој напиша дека две деловни згради во градот се „малку оштетени“ однадвор и додаде: „Нема жртви“.
Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека во нападот биле вклучени два дрона, кои подоцна биле соборени во западниот московски регион, повикувајќи се на агенциите за спроведување на законот.
Украина се уште не го коментира нападот. Сликите што ги објави ТАСС покажуваат оштетувања на прозорците на високата зграда. Зградата се наоѓа во областа Пресненски во Москва и ја користи руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми.
Breaking: Video of the inside of the office building in Moscow where the drone from Ukraine attacked.#UkraineRussiaWar #UkraineWar #Russia pic.twitter.com/JvkAAghH9S
— Insider Times (@Insider_Times) July 30, 2023