(ВИДЕО) Снимка од апсењето на убиецот од Сисак: Има бомба

by Fokus

Вооружени полицајци на улица го совладаа убиецот, додека предупредувањата дека „има бомба“ одекнува низ воздухот. Полицијата ги замолува граѓаните да се засолнат.

„Тргнете се, има бомба!“, се слуша на снимките, а на кои се гледаат драматичните моменти од апсењето на човекот кој синоќа пукаше во Сисак.

„Застани, да ти еб*м матер“ се слуша машки глас.

Во меѓувреме, вооружени полицајци на улица го совладаа напаѓачот. Го носат преку патот. Некој вели добро да се провери. Полицијата потоа ги предупредува луѓето да се затворат во своите куќи:

„Влезете внатре“, им викаат полицајците на жителите кои гледаат се низ прозорците. Постојано ги предупредуваат да се повлечат внатре.

Поврзани новости