(ВИДЕО) Снимен е страшниот удар од земјотресот на Камчатка, паѓаа плочи и парчиња бетон

by Fokus

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на рускиот полуостров Камчатка во 5 часот денеска наутро.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 100 километри, на 10 километри од градот Вилјучинск, каде живеат околу 25.000 луѓе.

На социјалните мрежи се прошири видео од моментот на земјотресот.

Во Петропавловск-Камчатски ѕидовите се треселе, мебелот се нишал, а предметите паѓале. Некои жители истрчале од зградите, јавуваат руските медиуми.

Повредени нема, а оштетени се многу објекти, соопшти гувернерот Владимир Солодов.

Тој на Телеграм напиша дека има пукнатини во зградите, дека од зградите паѓаат плочи и парчиња бетон, пренесува РИА Новости.

– Многу згради имаат оштетувања – тоа се пукнатини, уривање на малтер, понекогаш панели паѓале од ѕидовите. Парчиња бетон паднаа од една од зградите на улица, но за среќа, нема повредени – пишува дописникот.

 

Поврзани новости