0
Утрово на повеќе места од земјава има бела покривка. Камерите на Водно ја забележаа првата мала снежна покривка за годинава но и магла.
Снег има и на туристичките центри: Попова Шапка и Пониква.
Малку снег има и во Делчево и околните села, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во селото Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на граничниот премин кон Република Бугарија.
Поради наноси од снег утрово беше воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип.