На видеото кое го пренесуваат регионалните медиуми се гледа како пожарникарите го гаснат огнот во Словенија, па во еден момент од двете страни на патот биле опкружени во густ чад.
Одеднаш над нив здогледале канадер кој исфрлил голема количина вода.
„Сега не спаси“, кажал авторот на видеото, додека во позадина се слушале извици на возбуда.
Автор на видеото е Клемен Горуп, пожарникар од „ПГД Хрватини“, кој ги опишал околностите во кои е направено видеото за „N1“.
„Пожарот почна да се шири кон Трстеље, бевме распоредени на патот кон ловниот дом со цел да го заштитиме домот од пожар. Таму имаше околу 15 тенкови подготвени да се повлечат во случај да се случи она што за жал се случи. Кога пожарот се приближи до патот, почнавме да го гасиме. Успеавме некое време, но потоа ветрот се засили и огнот многу брзо се приближи од долната страна на патот. Така не опкружи, имавме оган горе-долу. Не можевме ни да се повлечеме, бевме отсечени на тој пат, во чадот, околу два часа. Се обидовме да се справиме со тоа. Канадерот дојде непланирано. Мислам дека ја вклучи водата кога не виде и ја виде ситуацијата“, изјавил Горуп.
Video by Klemen Gorup, gasilec na prvi bojni liniji. 🔥
“[Kanader] nas je rešil zdajle!” – tu se vidi, kako pomembna in učinkovita je zračna asistenca gašenja požara. 💪 🚒 ❤️ #kras #požar #gasilci #heroji #kanader pic.twitter.com/24pcnVq6OT
— tilen 🧟♂️ (@tilen) July 23, 2022