Шокантна снимка на сафари во Замбија го покажува моментот кога слон се нафрла кон автомобил и напаѓа група туристи.
Една Американка е мртва во инцидентот, кој се случи во Националниот парк Кафуе – најголемиот резерват за дивеч во Африка – минатиот викенд.
На видеото објавено на интернет, може да се види како слонот го следи автомобилот низ резерватот пред ненадејно да забрза и да се втруне кон возилото.
Туристите почнале да викаат кога слонот се приближил до автомобилот, но подоцна од туристичката компанија Wilderness Zambia било пријавено дека автомобилот не можел да се оддалечи бидејќи рутата била „блокирана“.
Додека автомобилот бил во мирување, слонот почнал да се удира во него, по што возилото се превртело.
Жената која го загубила животот имала 80 години, а по нападот починала од повредите. Таа била во група од шест туристи кои престојуваа во кампот Луфупа во националниот парк, патувајќи со Wilderness Zambia на турнеја за фотографија кога се случи инцидентот.
Повредена е уште една жена од групата која е хоспитализирана по инцидентот. На преостанатите туристи им била укажана помош на местото на настанот поради полесни повреди.
One international client killed by elephant in Kafue National Park from lufupa Lodge during Safari. Two injured and being evacuated to Lusaka. Full details being awaited from the operator through the Senior Warden Kafue Region. Very unfortunate indeed. pic.twitter.com/4ntbyhec1G
— Gina (@ginnydmm) April 2, 2024