1.3K
Во центарот на Скопје се слави успехот на Македонија, при победата над Италија и сензационалистичкиот пласман во финале за настап на СП во Катар.
Улицата ,,Рекорд” е блокирана од навивачи, кои со патриотски песни и пиво го слават овој успех на ,,рисовите”
Освен македонски знамиња и бакљи, на најфреквентната улица се слушаат тапани и зурли.
Очигледно, ова ќе биде долга ноќ за македонските навивачи.
Јорданчо Цветаноски