(ВИДЕО) Скопјанката Тијана со нова песна, но што е невообичаено со нејзината нумера?

by Fokus

Младата скопјанка Тијана Периќ пред извесно време се пофали со нејзината прва композиција насловена како „Писмо“, со текст и музика на Ѓорѓи Крстевски и пијано поддршка на Дино Имери.

„Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, а спотот снимен на три локации го режираше самиот Крстевски. Она што е интересно дека оригиналната верзија на песната трае осум и пол минути, бидејќи Ѓорѓи сакал да ја претстави Тијана и како пејачка и како пијанистка.

„Кај нас нема такви песни и баш сакав да биде нешто уникатно. Многумина би го сметале тоа за здодевно, затоа што е подолго, но вистинските уметници ќе ја препознаат убавината“, ни изјави Периќ.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости