Кога авионот се урна во бразилската држава Сао Паоло, сите 58 патници и четворица членови на екипажот загинаа, соопштија локалните спасувачки служби.
Двомоторниот авион летал од Каскавел во јужната држава Парана до главниот аеродром во градот Сао Паоло кога се урнал во градот Вињедо, соопшти авиокомпанијата Воепас.
🇧🇷 | URGENTE: Un avión con 62 personas a bordo, 4 tripulantes y 58 pasajeros, se estrelló en Vinhedo, São Paulo, Brasil. pic.twitter.com/6ebArQlTEA
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) August 9, 2024
Локалните власти соопштија дека авионот се урнал во станбена зона, но никој на земјата не е повреден, пренесува Би-би-си.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва им оддаде почит на жртвите на настанот на кој говореше.
„Имам многу лоша вест да соопштам и би сакал сите да станат за да можеме да одржиме минута молчење“ – рече Да Силва.
Uma notícia muito triste. Toda minha solidariedade aos familiares e amigos das vítimas. pic.twitter.com/eb47itDbe8
— Lula (@LulaOficial) August 9, 2024