(Видео) Сирени оддекнаа во Тел Авив, градот гаѓан со проектили

by Fokus

Сирените за воздушен напад денеска се огласија во централниот дел на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.

Сирените се слушаат во Ришон Лезион, Бнеи Брак, Холон, Рамле и многу други градови, пишува Тајмс оф Израел.

Палестинската телевизија Ал Акса потврди дека Тел Авив бил погоден со проектили од Појасот Газа.

Според извештаите, тоа е одговор на Хамас на „масакри на палестински цивили“.

Поврзани новости