Џозеф Цилер (61), кој е осуден за убиство на 11-годишната Робин Корнел и нејзината бебиситерка Лиза Стори во Флорида во 1990 година, се најде во центарот на вниманието во понеделникот кога по изрекувањето на пресудата го удри својот адвокат во лицето.
Тројца полицајци набрзо го фатиле мажот и го фрлиле на земја, по што го извадиле од судницата.
Цилер беше уапсен во 2016 година, 26 години по грозоморното убиство. Во мај оваа година, поротата препорача смртна казна, која на крајот беше прифатена.
Тој, наводно, ги нападнал и судијата и присутните, откривајќи го зборот „убиец“ испишан на неговите заби.
„Немам никаква врска со ова. Јас сум невин“, нагласи тој.
Судијата на крајот го одби предлогот на Цилер за ново судење и одлучи да не ја поништи пресудата.
Корнел и Стори беа пронајдени претепани, силувани и задавени во мај 1990 година.