(Видео) Силното невреме во Хрватска откорна дрвја и поплави објекти

by Fokus

Силното невреме кое вчера го зафати Сплит, зад себе остави хаос.

За кратко време во Сплит наврнаа повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен, јавуваат хрватските медиуми. Во текот на ноќта пожарникарите ги отстрануваа паднатите дрвја на улиците и ја црпеа водата од поплавените подруми.

Освен во Сплит, силен ветер и пороен дожд го зафатија и Каштел, пошироката област Макарска, островите Хвар, Брач, Вис и Шолта.

„Јутарњи лист“ пишува дека синоќа во Сплит имало „општа поплава, патиштата се претвориле во реки и врнело повеќе отколку во цел август“.

За само час и половина наврнале повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на просечната количина за цел август ако се забележат официјални мерења во метеоролошката станица на Марјан во периодот од 1991 до 2020 година, пренесува весникот.

Поврзани новости