283
Силно невреме проследено со силен дожд, град и ветер попладнево го зафати Кавадарци.
Градоначалникот Митко Јанчев објави фотографии од невремето и апелираше до граѓаните да останат во своите домови затоа што некои улици се блокирани од паднати дрва, на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме.
На терен се службите на Јавното претпријатие Комуналец како и противпожарната служба во градот.
Граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300.