(Видео) Силно невреме погоди град во Аргентина, најмалку 13 загинати

by Fokus

Најмалку 13 луѓе загинаа во Аргентина откако силно невреме го погоди брегот на Атлантскиот Океан на оваа јужноамериканска земја.

Федерико Сусбиелес, градоначалник на Баја Бланка, ја потврди бројката на загинати во објава на социјалната мрежа Х.

Градот се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата Буенос Аирес, еден од регионите во Аргентина со најголемо производство на жито.

Од канцеларијата на претседателот Хавиер Мајли изразија сочувство до семејствата на жртвите и препорачаа жителите да останат во своите домови до недела наутро, предупредувајќи на разорни ветрови кои надминуваат 150 км/ч во областа.

Поврзани новости