Невреме придружено со град, силнa бура и торнадо утрово го погоди грчкиот остров Родос.
Поради високиот водостој на патот, граѓаните дури останаа заробени во своите автомобили во градот Родос.
Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале заробени во возилата, јавуваат грчките медиуми.
Ζημιές από ανεμοστρόβιλο στη Ρόδο https://t.co/25uH9uNJME
— PRISMA 91.6 (@prisma916) February 12, 2024
Родос и синоќа го погоди град, што може да се види на видеата.
Во исто време, штета предизвика и торнадото што се случи во северниот триаголник на Родос, поточно од областа Калитеа до областа Зефирос.
Како што е познато, силно торнадо откорна или скрши гранки од големи дрвја, а штети беа предизвикани и во областа Неа Марина.