112
Силно невреме денеска зафати повеќе делови од Хрватска.
На социјалните мрежи има видеа од местата кои се под вода. Најлошо беше на островот Крк каде наврна рекордна количина дожд.
Силен дожд и грмежи го зафатија главниот град Загреб, а во областа Кутина падна и град. Граѓаните објавија снимки од град од околината на Вараждин, Новиград, Кутина, Канфанар и Бузет во Истра, Пожега, Вировитица. Нестабилно со дожд ќе биде попладне и во Македонија.