Моќната бура Сиаран ги погоди северозападна Франција и југозападна Англија пред да се прошири во Холандија, Белгија, Германија, Франција и Италија, при што загинаа најмалку седум лица, а неколку се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Сиаран предизвика еден смртен случај во Холандија кога дрво падна врз човек во југоисточниот град Венреј во близина на границата со Германија, соопшти вчера полицијата.
Повредени се луѓе на неколку локации поради паѓање на дрвја.
Во Франција две лица загинаа, а 15 се повредени, меѓу кои седум пожарникари, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Возач на камион загинал кога удрил во паднато дрво. Во Авр, еден човек бил фатен од налет на ветер додека ги затворал ролетните на прозорецот и починал.
Околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а стотици илјади се исклучени од мрежата на мобилни телефони. Во некои региони ветерот достигна брзина и до 200 километри на час. Соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги. Причинета е значителна материјална штета.
Поради невремето откажани се стотици летови. Возовите до и од Париз, исто така, не сообраќаа, а беше погоден и превозот.
Силни ветрови дуваа и низ регионот на планината Харц во централна Германија, при што загина една жена откако ја удрило дрво што паднало, соопштија пожарникарите во градот Гослар. Починала и 46-годишна жена од Баварија додека планинарела со сопругот и двете мали деца на 600 метри високата планина Рамелсберг кај Гослар.
Невремето, исто така, урна далноводи и делумно затвори два автопати во планината Харц, соопштија пожарникарите.
Blauer Himmel aber wildes Wasser#Helgoland pic.twitter.com/NsBm4BYtwS
— Rainer Battefeld (@RainerBattefeld) November 2, 2023
Во централната италијанска област Тоскана, најмалку три лица го загубија животот поради временските предупредувања во голем дел од земјата. Претседателот на Тоскана, Еугенио Џани изјави дека две лица загинале во општина Монтемурло, околу 25 километри северозападно од Фиренца, каде што се излеа реката. Трето лице загина во Росињано на брегот на Тоскана.
⚡🇮🇹 #Italy – More Videos of major Flooding in North Italy.#Toscana #Tuscany #Pisa #WeatherAlert #StormCiaran pic.twitter.com/TyMMjdbwK9
— X News Monitor (@xNewsMonitor) November 3, 2023
Во Росињан, еден човек загина кога водата влегла во домот за стари лица и го поплавила објектот. Спасени се 22 станари од домот, но до повозрасниот маж помошта стигнала предоцна.
Дожд и силен ветер се предвидува да се движат кон јужните региони на Италија, објави агенцијата за цивилна заштита на земјата.
Maltempo in Toscana, trovato morto un 85enne nella sua casa allagata a Montemurlo (Prato). La situazione è critica soprattutto in provincia di Prato. Il governatore Giani dichiara lo stato di emergenza regionale. #IoSeguoTgr pic.twitter.com/VGPRehR4Ko
— Tgr Rai Toscana (@TgrRaiToscana) November 2, 2023
Исто така во четвртокот, Сиаран од Атлантикот ги погоди Британија, Белгија и Холандија и стотици летови беа откажани.
Ветровите се очекува да се смират кон викендот, но ќе се задржи невреме и дожд.