Силно невреме пропратено со обилни врнежи зафати делови на Србија.
На социјалните мрежи беа објавени видеа од силниот дожд во Пожаревац, на кои се гледа како водата ги парализирала улиците, а возилата тешко минуваат низ поплавата.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија денеска на својата веб-страница објави предупредување за денешните врнежи и лошото време.
Интензивна облачност со локални врнежи од дожд, грмежи и краткотрајна појава на град во подрачјето на Бараничевската област, на потегот Пониква-Дољашњица-Божевац, во следниот час ќе се движи кон Петровац на Млава, според итното предупредување на RHMZ.
На север од Бачка, на подрачјето на Банат, источна и јужна Србија локален дожд со грмежи, се наведува во претходно објавеното соопштение.
Денеска во цела Србија е на сила жолт метео аларм поради грмежи, а во некои области и поради дожд.