Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но издадено е предупредување за појава на цунами.
Околу два милиони домови останаа без напојување со електрична енергија, соопшти Токиската електроенергетска компанија (ТЕПКО).
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 60 километри под морето.
Земјотресот го погоди истото подрачје како и во 2011, која потрес со интензитет од девет степени доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима.
宮城県民です(๑•̀ㅁ•́ฅ✨
片付けだるい😔#地震 #東北 pic.twitter.com/jZmVpw5DZN
— キテツ🦈🌊 (@kitetu1218) March 16, 2022
На социјалните мрежи се појавија првите видеа и фотографии, кои сведочат за страшните моменти кои ги доживеале луѓето од оваа земја.