(ВИДЕО) Силен ветар, град и дожд зафати делови од Скопје

by Fokus

Силно невреме попладнево зафати делови од Скопје. Ветар, дожд и град го отежнаа движењето низ дел од населбите во главниот град.

Ново Лисиче, Аеродром и Ченто кратко време имаа прекин во снабдувањето со електрична енергија, додека струја се уште нема во населбата Кисела Вода.

Граѓаните споделуваа видеа од невремето на социјалните мрежи, а беа објавени и фотографии од паднати дрвја на излезот од Скопје, во правец на Велес и во населбата Методија Андонов Ченто.

Поврзани новости