Прволигашот Шкупи беше на чекор од неочекуван триумф против Пјуник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, но ерменскиот тим не дозволи изненадување на мечот.
Варданијан го доведе домашниот тим во предност уште на почетокот на мечот преку пенал. Но тогаш, Шкупи зеде се во свои раце и до крајот на полувремето направи комплетен пресврт, преку погодоците на Бајрами и Илиески.
Пјуник се обиде преку измени да ја раздвижи играта, но доби уште еден погодок во својата мрежа, кој беше дело повторно на Бајрами.
Մաքսիմ Ժեստոկովը կրճատում է հաշվի տարբերությունը
Մաքսիմ Ժեստոկով 2-3 💪🔵🔴Максим Жестоков 2-3 💪🔵🔴Maksim Zhestokov 2-3 💪🔵🔴
Publiée par FC Pyunik sur Jeudi 11 juillet 2019
Էդգար Մանուչարյանը հավասարեցնում է խաղի հաշիվը
Էդգար Մանուչարյան 3-3 💪🔵🔴Эдгар Манучарян 3-3 💪🔵🔴Edgar Manucharyan 3-3 💪🔵🔴
Publiée par FC Pyunik sur Jeudi 11 juillet 2019
И кога се чинеше дека Шкупи ќе се врати со сензационален резултат во Чаир, на сцена стапија ерменските фудбалери кои во рок од шест минути, постигнаа два погодоци преку Жестоков и Манучарјан за конечен резултат 3-3.
Реванш мечот се игра во Скопје, наредниот четврток.
Фото – Пјуник (ФБ)