602
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко за малку ќе загинел при бомбардирањето што руските воени сили го изведоа во во Украина.
-Бев во возот и застанавме пред гранатирањето. Тие неколку часа беа како вечност. Сакам да порачам само едно, а тоа е дека никакви ракети нема да ја скршат Украина. Може да ни ги земете улиците, куќите, но не може да ни го одземете достоинството, храброста и желбата за слобода. Ќе ја заштитиме Украина. Ќе пееме по мостовите како што народот во Киев денеска пееше во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, беше пораката од Шевченко, кој на својот Инстаграм профил постави видео од нападот на мостот.