ВИДЕО Шест цистерни со вода и противпожарно возило од „Окта“ пристигнале напомош за пожарот во „Макстил“

by fokus

Деветте возила на Територијалната противпожарна бригада и 21 пожарникар не биле доволни за да се справат со пожарот со отпадно железо што изби вчера во кругот на фабриката „Макстил“. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.

Видео: Фејсбук профил на Дарио Николовски

Publiée par Дарио Николовски sur Jeudi 10 mai 2018

Пожарот избил синоќа во 23:20 часот, а пожарот се уште тлее. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески вели дека опожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен.

– Температурата е намалена и почнува да се работи на физичко отстранување на материјалот и негово догаснување, изјави Томески.

 

Поврзани новости