Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун плачеше додека ги повика жените да раѓаат повеќе деца, нагласувајќи дека нивна должност е да го спречат опаѓачкиот наталитет во земјата за да ја зајакнат националната моќ.
Во неговото емотивно обраќање, авторитарниот водач беше виден како ги трие очите со шамиче, додека во неделата им се обраќаше на илјадници жени собрани на Националниот митинг на мајките во Пјонгјанг.
Coréia do Norte 🇰🇵: Kim Jong Un fez um apelo emocionado no encontro nacional das mães no último domingo (3)
“Somos confrontados com tarefas” disse ele, “Tarefas que incluem educar os seus filhos para que eles levem adiante com firmeza a nossa revolução, eliminando as práticas… pic.twitter.com/i4ZydgEUAR
— Ivan Kleber (@lordivan22) December 5, 2023
– Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши обврски што треба да ги извршуваме – рече Ким на настанот, истовремено повикувајќи ги да ги всадат вредностите на неговата Комунистичка партија во нивните деца.
Голема публика составена од жени, облечени во традиционална шарена облека, отворено плачеше заедно со нивниот лидер. Сликите објавени од севернокорејските државни медиуми, исто така, покажаа дека толпата аплаудира и навива за Ким додека тој мавташе од столот.
Првиот Национален состанок на мајките се одржа во услови на пад на наталитетот, што очигледно предизвика загриженост кај највисоките претставници на КНДР (Демократска Народна Република Кореја).
Обраќајќи им се на присутните со „драги мајки“, Ким им кажа дека се „соочени со мноштво социјални задачи на кои мајките треба да им се придружат“.