(ВИДЕО) Серта гори, неготинци молат за ер трактори

by Fokus

Се уште е активен големиот пожар кој од вчера наутро е активен во Пепелишко и веќе ја зафати планината Серта.

Голем број на граѓани кои имаат имот во околината панично бараат помош, односно гасење од воздух.

За „Фокус“ се огласи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој тврди дека утре рано наутро ќе пристигне армиски хеликоптер, а веднаш по него и трите ер трактори.

Моментно заврши состанокот на кризниот штаб во општината и наскоро ќе се соопштат одлуките.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости