Серија земјотреси ја погодија Италија. Првиот потрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала беше синоќа, по што следеа послаби земјотреси во текот на ноќта. Луѓе исплашени излегоа на учиците.
Првиот, најсилен земјотрес, е регистриран синоќа во 22.08 часот на длабочина од три километри. Епицентарот на земјотресот бил во Флегрското Поле, а бил почувствуван и во Неапол.
Si registrano danni a #Napoli dopo la scossa di #terremoto magnitudo 4.0 che si è registrata questa sera ai Campi Flegrei
Ad Agnano, quartiere occidentale di Napoli, crolli di calcinacci e intonaco sulle auto in sosta in strada pic.twitter.com/4Hg14LkD67
— Fanpage.it (@fanpage) October 2, 2023
Земјотресот го почувствувале граѓаните особено во Неапол, а и во околината. Земјотресот предизвика страв во реонот на епицентарот, имаше урнатини, но засега нема значителна штета.
Во 4.15 часот нов земјотрес со јачина од 2,2 степена беше почувствуван во Флегрските Полиња на длабочина од еден километар.
Утринава, во 6.30 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,2 степени во провинцијата Катанзаро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 24 километри со епицентар во Амат. Се почувствува и на други места.
А потоа во 7.11 часот имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени во Реџо ди Калабрија. Тој бил на длабочина од 14 километри, со епицентар во Кардет.