203
Во текот на вчерашниот ден (16.11.2023) во посебни акции, полициски службеници извршија претреси во Виница, Македонски Брод, Дебрца, гостиварско и гевгелиско, при што се приведени шест лица и пронајдени се пиштол, три ловечки пушки, четири воздушни пушки, муниција и други предмети.
Во еден од претресите, во Виница пронајден е пиштол, а во друг претрес во с.Калиште, општина Врапчиште, пронајдени се две ловечки пушки и муниција. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на нелегалното поседување на оружје.