Во плејофот за пополнување на Лига 1, Оксер преку пенали го совлада Сент Етијен и се врати во француската елита, а Сент Етијен од наредната сезона ќе се напреварува во Лига 2.
На вечерашниот дуел резултатот беше 1-1, а истиот не се промени и после продолженијата и за победникот одлучуваа пеналите.
Будебуз промаши пенал, а противничкиот тим славеше со 4-5, а по завршувањето на мечот настана вистинска драма, откако навивачите влетаа на терен со факели и ги нападнаа фудбалерите, кои едвај спасија жива глава.
The mass pitch invasion which followed Saint-Étienne’s relegation – players rushing down the tunnel as flares were thrown in their direction. (📽: @AdBlettery) pic.twitter.com/c8m0i9p6SP