Системот „Безбеден град“ (Сејф сити) веќе четврти ден е главна тема во Македонија.
Властите веќе во првите денови излегоа со алармантен број на прекршоци, но сепак јавноста и понатаму реагира за начинот на функционирањето на овој систем.
Ситуацијата на терен покажа дека само 72 часа беа потребни на возачите да го смират своето дивеење, посебно оние професионалните возачи кои доставуваат и дистрибуираат производи надвор од Скопје или оние кои влегуваат во Скопје.
На булеварот кај Алкалоид во Автокоманда сите возачи, не само на автомобилите, туку и на комбињата возат под ограничената брзина од 50к/ч или максимално 50км/ч што беше незамисливо до неделата кога комбињата прелетуваа со по 70-80 км/ч тркајќи се со времето и барањата на компаниите да стигнат побргу со своите производи.
Во гостувањето во емисијата „Претрес“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека системот „Сејф сити“ ќе прави разлика меѓу реални итни ситуации и прекршоци, нагласувајќи дека нема да се казнуваат возачи кои имаат оправдана причина да возат со четири трепкачи.
„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече,“ изјави Топаловски.
Тој истакна дека системот не е создаден да санкционира возачи кои имаат технички проблем:
Топаловски објасни дека „Сејф сити“ е технички поставен така што ниеден видео-запис не може да биде избришан.
О.К.