Седум лица загинаа во експлозија во ресторан во западна Турција, за која властите рекоа дека можеби била предизвикана од плинска боца.
Гувернерот на покраината Ајдин Хусеин Аксој изјави дека пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг на Твитер соопшти дека лицето „кое наводно ја предизвикало експлозијата” е приведено и оти тројца обвинители спроведуваат истрага.
Аксој наведе дека работниците во ресторанот укажале дека има истекување од боцата со плин што се користи за готвење и оти тоа довело до експлозијата.
Турските медиуми јавија дека по експлозијата во ресторанот, денеска избувнал и пожар во ќебапчилница во областа Назили во истата провинција.
Blast in a restaurant in Nazilli (Aydın province), 7 dead, 4 seriously injured.
Highly likely the Ekrem Coşkun Doner branch in Kıbrıs Cd #Turkey 🇹🇷 pic.twitter.com/BlxXyIZeUJ— Aleph א (@no_itsmyturn) December 30, 2022