32
Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“.
Засега не е позната причината за уривањето на зградата, а на местото на несреќата се надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.
Во тек е акција за пребарување и спасување, а досега од под урнатините се извлечени седум повредени. Четворица се испратени во болница.
Од уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина, а оштетен е и автобус.
На местото на несреќата пристигна гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.
#SICAKHABER – Küçükçekmece'de bina çöktü. Enkaz altında kalanlar olduğu belirtiliyor. pic.twitter.com/I4RGqKGvKf
— Habertürk TV (@HaberturkTV) June 2, 2024