Болницата Шифа не само што е најголема болница во Газа, туку се користи и како штаб на терористите на Хамас, објави израелската армија на својата официјална сметка на социјалната мрежа Икс (Твитер).
ИДФ објави анимиран приказ на болницата и областа под неа, каде се вели дека биле сместени членови на Хамас. Израелските сили наведуваат аудио и видео снимки направени од членови на Хамас како доказ за нивните тврдења.
Во друг твит, израелската војска ја нарече болницата седиште на Хамас, наведувајќи дека Хамас одржува прес-конференција во своето седиште – болницата Шифа.
Во изјава за странските медиуми, портпаролот на ИД Даниел Хагари рече дека Хамас има неколку подземни комплекси под Шифа, најголемата болница во Појасот Газа. Според него, нападите врз Израел се координираат од таму.
Тој додаде дека Израел има информации оти неколку тунели водат од подземната база до областа околу болницата, така што членовите на Хамас не мора да влегуваат во самиот објект. Сепак, тој истакна дека во подземниот штаб на Хамас може да се влезе директно од болничко одделение.
-Терористите на Хамас оперираат во болницата бидејќи знаат дека ИДФ прави разлика меѓу цивили и терористи. „Израел ги гаѓа терористите, Хамас ги гаѓа израелските цивили и цивилите во Газа – рече портпаролот.
The Shifa Hospital is not only the largest hospital in Gaza but it also acts as the main headquarters for Hamas’ terrorist activity.
Terrorism does not belong in a hospital and the IDF will operate to uncover any terrorist infrastructure. pic.twitter.com/Ybpln5xQb2
— Israel Defense Forces (@IDF) October 27, 2023