Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање на трикатна зграда во јужниот дел на Египет.
Инцидентот се случил во понеделникот под засега неразјаснети околности во провинцијата Асиут.
Спасувачите повеќе од 24 часа трагаа по луѓето затрупани во урнатините, јавуваат медиумите.
14 people killed, 6 rescued with injuries following building collapse in Upper Egypt governorate of Assiut #Egypt #Egyptian #Assiut #MENA #News #2luglio #WorldNews pic.twitter.com/fwDCov2y4G
— Viory Video (@vioryvideo) July 2, 2024
Гувернерот на провинцијата Есам Сад го посети местото на трагедијата и побара од релевантните агенции да ги координираат напорите за што побрзо да се плати отштета и да се поддржат повредените и семејствата кои останаа без покрив над главата.
„Извршена е проверка на соседните куќи за да се потврди нивната безбедност“, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се нагласува дека некои згради за кои е утврдено дека претрпеле значителна штета од уривањето на трикатницата се евакуирани како мерка на претпазливост.