(Видео) Се урна тунел во изградба во Индија, затрупани 40 луѓе

by Fokus

За време на изградба на тунел земја затрупала 40 рудари во Индија.

Од вчера траат спасувачките напори за извлекување на луѓето кои се затрупани од тони земја во рудникот, а се проценува дека во тунелот останал многу малку кислород и дека работниците имаат мало снабдување со вода.

Околу 40 мажи работеле во тунелот, дел од амбициозниот проект за автопат на Хималаите во градот Утаркаши, кога дел од преминот што води до влезот попуштил, соопштија властите.

– Во контакт сме со мажите внатре. Сите се добро и ние комуницираме со нив. Сите работиме напорно за да ги извадиме“, изјави за Си-Ен-Ен, началникот на полицијата на Утаркаши, Арпан Јадуванши.

Се проценува дека на спасувачите ќе им треба уште еден цел ден за да ги откопаат затрупаните луѓе.

Поврзани новости