Руски стратешки бомбардер се урна во Сибир, јавија руските државни медиуми.
Авионот Ту-22М3 се урна во регионот Иркутск поради техничка неисправност, се наведува во соопштението за печатот на руското Министерство за одбрана. Наведено е дека екипажот успешно се катапултирал.
„Авионот се урнал во ненаселена област. Нема штета на земјата“, се додава. На руските канали на Телеграм се појавија фотографии и видеа од местото на несреќата. Со оглед на тоа дека снимката е темна, се претпоставува дека несреќата се случила доцна синоќа или рано утринава.
✈️🤩🤩🤩 pic.twitter.com/VnisK0PBv1
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 15, 2024
Тупољев, главниот и најстариот руски производител на авиони, го опишува авионот Ту-22М3 како суперсонични бомбардери способни да уништуваат морски и копнени цели. Украина и нејзините западни сојузници тврдат дека Русија често ги користела споменатите авиони за бомбардирање на Украина.
Шефот на Украинската одбранбена разузнавачка служба Кирило Буданов во август минатата година изјави дека на Русија и останале помалку од 30 бомбардери Ту-22.