(Видео) Се урна покривот на трговски центар во Перу, дете меѓу загинатите

by Fokus

Тројца луѓе загинаа, меѓу кои и едно дете, а уште 79 се повредени откако се урна покривот на трговски центар на Реал Плаза во Перу.

Сведоците на местото на настанот велат дека слушнале силен удар непосредно пред да се урне покривот.

„Имаше многу силна бучава, а потоа облак прашина каде што се урна покривот“, рече сведокот.

„Во Реал Плаза длабоко жалиме што се случи во нашиот трговски центар во Трухиљо и изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Исто така, им изразуваме апсолутна поддршка на сите семејства и на повредените во оваа несреќа“, рече портпаролот на трговскиот центар „Реал Плаза“.

Тие истакнаа дека работат со властите и се приклучуваат на спасувачките напори, како и дека им даваат поддршка на сите повредени граѓани.

„Покрај тоа, во знак на жалост и солидарност со жртвите, одлучивме денеска, сабота, 22 февруари, сите наши трговски центри да останат затворени во целата земја“, додаваат оттаму.

Нагласија и дека се тука да пружат помош на секој на кој му е потребна. Истрагата е во тек.

Поврзани новости