(Видео) Се урна мост кај Краљево во Србија од поплавите

by Fokus

На главниот пат Краљево – Прељина во местото Адрани поради надојдената река Мусина кај Краљево денеска се урна речиси целиот мост. Овој мост вчера беше делумно оштетен при врнежите, а утринава се урна остатокот од мостот.

Селото Адрани кај Краљево повторно беше под вода откако локалната река се излеа, а околу 50 куќи беа поплавени.

Локалните жители беа будни цела ноќ за да ги спасат своите домови од поројните води

„Истото се случи во јуни 2019 година. Очај и катастрофа што една мала река повторно го поплави целото село. Зад нас е уште една непроспиена ноќ. До околу девет часот се беше во ред. Потоа водата почна се повеќе и повеќе да се крева, за среќа успеавме барем нешто да заштитиме ставајќи вреќи“, раскажува жителот Драгомир Марковиќ за РИНА.

Поради обилни врнежи утрово е воведена вонредна состојба на целата територија на општина Ариље. Најкритична е состојбата на селските и некатегоризираните патишта, а има одрони кои создадоа наноси на патиштата поради што се непроодни.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани новости