56
Повеќе од 40 луѓе загинаа откако падна брана во селото Камучири во Кенија. Браната попушти по обилните дождови и поплави, а водата однесе многу куќи.
„Имаме 42 мртви, што е конзервативна проценка. Се уште има тела во калта“, изјави за AFP Сузан Кихика, гувернерката на округот Накуру.
Во последниот месец, повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите што опустошија делови од Кенија.
Спасувачките екипи копаат низ калта во потрага по преживеани во село во близина на градот Маи Махиу, на околу 60 километри од главниот град Најроби.
„Од пронајдените 42 тела, 17 се деца“, изјави за Ројтерс началникот на полицијата Стивен Кируи.