87
Пратениците во црногорското Собрание се степаа. Уште пред почетокот на денешната седница, приврзаниците на „Демократската партија на социјалистите“ нападнаа пратеници на коалицијата „За иднината на Црна Гора“.
На дневен ред на собраниската седница меѓу другото е Предлог-законот за потврдување на договорот меѓу Владата на Црна Гора и Советот на министри на Босна и Херцеговина за изградба на меѓудржавен мост на реката Тара, како и Предлог-закон за потврдување на договорот меѓу Владата на Црна Гора и Советот на министри на Албанија за изградба на меѓудржавен мост на реката Бојана/Буна.
Седницата започна околу 11 часот, но набрзо беше прекината по вербален конфликт меѓу претставници на власта и опозицијата.