3
На влезот на Железничката станица во Нови Сад денеска се урна дел од настрешницата. Според неофицијални информации, има повредени.
На терен има неколку екипи на брза помош и пожарникари, дознава „Еуроњуз Србија“.
View this post on Instagram
Таа настрешница е изградена во 1964 година.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, ја прекина посетата на Црна Гора и се упати кон Нови Сад, каде што се урна настрешницата на стариот дел од железничката станица, соопштија за Танјуг во министерството.