(ВИДЕО) Се сруши хотел „Дубровник“ во Аргентина, има загинати

by Fokus

Хотелска зграда од 10 ката се урна во денеска рано наутро во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека во хотелот „Дубровник“ тогаш имало меѓу седум и девет лица, меѓу кои имало градежни работници кои наводно работеле без градска дозвола, се вели во соопштението.

Спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите на Вила Гезел, додавајќи дека општинските власти ги прекинаа градежните работи на локацијата во август оваа година.

Хотелот Дубровник е граден пред 38 години.

– Зградата имаше одобрени планови и планска дозвола за лифт за предниот дел на имотот. Она што се урна е кула на десет ката – изјави општински функционер, кој објасни и дека уривањето се случило околу 12:30 часот по полноќ.

Поврзани новости