(ВИДЕО) Се сопна и падна, напуштајќи предизборна дебата во Словенија

by Фокус

Едно од последните медиумски соочувања меѓу лидерите на словенечките политички партии пред изборите в недела заврши со скандал бидејќи половина од нив демонстративно го напуштија студиото на Словенечката телевизија, обвинувајќи го водителот за пристрасност, а еден од нив за малку ќе се повредеше.

-Левата нога малку ме боли, но за среќа ништо не е скршено – изјави Змаго Јелинчиќ, лидер на ултранационалистичката Национална партија, по синоќешното соочување на РТВ Словенија.

Тој прв ја напушти телевизиската дебата, жалејќи се дека му дале премалку минутажа во однос на останатите учесници. Напуштајќи го подиумот, пропушти една скалите и кога паднал соборил маса зад камерите.

-Тој што ја смислил сценографијата со високи скалила нема поим, сите моравме да скокаме при заминување, но не размислувам за тужба засега – рече Јелинчиќ, кој ја поддржува владата на премиерот Јанез Јанша во изминатите две години.

По Јелинчиќ, претседателите на три опозициски партии од левиот центар – Лука Месец, Тања Фајон и Марјан Шарец го напуштиле студиото во знак на протест поради начинот на кој новинарот Игор Пирковиќ ја водел емисијата. По нив истото го направил и претседателот на Партијата на пензионерите, Љубо Јасниќ.

Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб.

Поврзани новости