1
На социјалните мрежи се шири видео со кадри од конфликтот во 2001 година. На видеото е прикажан Али Ахмети, облечен во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна.
Видеото масовно го споделуваат членови, функционери и партиски групи на ДУИ.
Веќе неколку месеци ДУИ исрпаќа предупредувања за меѓуетнички тензии, па се поставува прашањето, дали ова видео е можна закана за дестабилизација на земјата.
Од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и Влен постојано кажуваат дека ДУИ ја користи оваа тема за да спаси дел од нејзините функционери од кривичен прогон.