Повеќе од 100 луѓе се повредени во несреќа што се случи вчера во метрото во Пекинг.
Несреќата се случи синоќа на надземниот дел од пругата, а била зафатена од временските услови и снегот. Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погодена од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултираше со доцнење на транспортот низ градот.
Несреќата се случила нешто пред 19 часот, кога последните два вагони на метрото се одвоиле од вагоните пред нив, соопштија властите.
An major accident of the Chinese subway metro has occurred in #Beijing after failure of emergency breaking system. 102 people have been seriously injured with multiple fractures. Evacuation of victims is in process. pic.twitter.com/mK4R61mvU3
— Nepal Correspondence (@NepCorres) December 15, 2023
До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица се здобиле со скршеници“,објави државната телевизија ЦЦТВ.
До 6 часот наутро, 423 лица се отпуштени од болницата, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека уште 67 се уште се на лекување, додека 25 лица се под опсервација. За среќа, нема пријавени смртни случаи.
More videos and pictures about the accident of the Beijing subway.pic.twitter.com/eoYJAJz6mm
— Open Resources Translation (@anonsuoi) December 14, 2023
Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот. Корисниците на социјалните мрежи напишаа дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се пожалиле на болки во грбот.
Снимките на интернет покажуваат патници на подот и светлата како трепкаат и исклучуваат, додека некои патници користеле чекани за итни случаи за да ги скршат прозорците на возот за да избегаат.
Компанијата за подземна железница во Пекинг се извини за несреќата што се случи.