(Видео) Се расипа панорамско тркало, луѓе останаа заглавени

by Fokus

Неколку луѓе останаа заглавени откако панорамско тркало се расипа на плажа во Скегнес, Велика Британија.

На местото на настанот пристигнале голем број амбулантни возила и пожарникари, потврдија од полицијата.

Како што јави Би-Би-Си, на граѓаните им е препорачано да ја избегнуваат областа додека е во тек спасувачката операција.

Oва е втора несреќа поврзана со популарното панорамско тркало во Европа во последната недела. Недалеку од Лајпциг, Германија, минатиот викенд се запали панорамско тркало, при што беа повредени 30 луѓе.

Поврзани новости